Thursday, April 21, 2016


Виножито 

Виножитото (уште наречено Божилак или Ѕуница) е оптички и метеоролошки феномен кој предизвикува светлинскиот спектар од сончевите зраци да се појави на небото поради прекршување на светлината низ ситни капки вода во атмосферата. Прекршувањето предизвикува создавање на повеќебоен свод на небото, со црвената боја најгоре, а виолетовата најдолу. Виножитото обично се појавува после дожд. Виножитото се состои од 7 бои. Тоа се боите: црвена, портокалова, жолта, зелена,сина, модра и виолетова.

Седум бои на виножитото и нивното значење

Виножитото е едно од најубавите појави во природата, доколку ги оттргнеме објаснувањата на физиката, личи на вистинска магија на небото. Но, сте се запрашале кое е значењето на боите на виножитото?Доколку  не знаете, погледнете го значењето, одберете ја омилената и дознајте што ќе ви открие за вашата личност или пак ќе ви помогне за да си го подобрите расположението.
Црвена
Црвената е една од најсилните бои на виножитото. Симболизира страст, енергија и самодоверба. Затоа е најзастапената боја на Денот на вљубените. Во Кина невестите носат црвени фустани бидејќи за нив .
Доколку  не знаете, погледнете го значењето, одберете ја омилената и дознајте што ќе ви открие за вашата личност или пак ќе ви помогне за да си го подобрите расположението.
Црвена
Црвената е една од најсилните бои на виножитото. Симболизира страст, енергија и самодоверба. Затоа е најзастапената боја на Денот на вљубените. Во Кина невестите носат црвени фустани бидејќи за нив црвената боја е синоним за среќа.
Портокалова
Топла боја која буди чувство на среќа. Портокаловата асоцира на добри манири и добра комуникација, гордост и самоконтрола.
Жолта
Може да се рече дека жолтата боја е извор на инспирација за уметниците. Доколку ви снема инспирација опкружете се со жолти предмети или облечете се во жолтa облека. Оваа уникатна боја на виножитото асоцира на надеж и добро расположение.
Зелена
Боја на пролетта која асоцира на преродување, хармонија и промена. Исто така означува балансирање на емоциите и срцето.
Сина
Сината е боја која смирува и буди мир. Обојувањето на вашата соба во оваа боја ќе ве релаксира и опушта секој ден. Асоцира на лојалност и мудрост.
Индиго
Асоцира на интуиција и одговорност, проследена со идеализам. Оваа боја ги опишува мирните луѓе кои мразат конфликти и проблеми.
Виолетова
Не може а да не ја обожавате мистериозноста која ја има оваа прекрасна боја. Асоцира на фантазија, емпатија и креативност. Луѓето кои ја сакаат оваа впечатлива боја на виножитото се емотивни и имаат добро срце.